Со велосипеди и електрични тротинети тргнаа од работното место кон градскиот парк за да покажат дека МНР ќе стане зелено. За да го објават ова излезе министерот Бујар Османи со дел од кабинетот. Зборуваше за тоа што ќе преземат во министерствата да се заштеди електрична енергија и да не се користи пластика. За постигнување на оваа цел рече дека се земени предвид европските искуства, но што ќе биде со дивите депонии во многу населени места?
„Ова е и идејата зошто дипломатијата ја претовараме во зелена. Досега се подразбирало дека само Министерството за животна средина треба да се занимава со екологијата, затоа сега на почетокот на климатските промени кои се многу повеќе од животна средина, тие се и енергетска безбедност и начин на водење економија и економски раст.“, рече Османи.
Османи кажа дека ќе назначи амбасадор за климатски прашања, чии надлежности ќе бидат промовирање домашни и меѓународни политики за чување на животната средина.
„Ние имаме визија да станеме првата земја во регионот која ќе обезбеди одржлива работна средина во Министерство, но и во дипломатиката мрежа следните 5 години. Преку „Зелена дипломатија – Новото нормално“, Министерството се обидува преку одредени чекори и сериозни проекти да ја постигне ова амбициозна трансформација.“, изјави Османи.
Наречена Зелена Дипломатија, Османи најави нула пластика во МНР и во целиот дипломатски круг, употреба на јавен транспорт, велосипеди и тротинети за секојдневните средби.
