Зеленски го обвини Фицо дека сака и помогне на Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, испрати серизни обвинувања кон премиерот на Словачка, Роберт Фицо. Тој кажа дека Фицо сака да му „помогне“ на Путин за да „заработи пари и да ја финсира војната и да ја ослабне Европа“, објави „Франс Прес“.

Зеленски ова го кажа само еден ден по посетата на Фицо на Москва, и средба со Владимир Путин, поради тензиите околу испораката на руски гас во Европа.

Украина јасно стави до знаење дека нема да го продолжи договорот кој истекува на крајот на годинава, за транзит на гас од Русија преку нејзина територија.