Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска одликува уште 857 украински бранители, од кои 472 постхумно.
Соодветните уредби, бр. 759/2024 и бр. 706/2024, се објавени на веб-страницата на претседателот, објави Укринформ.
Претседателот ги додели одликувањата за лична храброст во одбраната на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина и за несебично извршување на воената должност.
Наградените добиваат ордени за храброст „Бохдан Хмелницки“ и „Данило Калицки“, и медали „За воена служба на Украина“, „Бранител на татковината“ и „За спасен живот“.
Како што пренесува Укринформ, Зеленски на средба со војници од инженерските трупи им го честитал денешниот празник и ним, исто така, им доделил државни одличја.