Зеленски: Украина би изгубила војска ако ја прекинe воената состојба поради избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина ќе ја загуби армијата доколку воената состојба биде суспендирана за изборите, а Русите потоа ќе го искористат тоа.

Тој во интервју за британската телевизија ITV News изјави дека сите сакаат војната да заврши и да се одржат избори и дека не се плаши од нив.

„Додека војната трае, нашето население е, сепак, против избори, бидејќи сите разбираат што ќе се случи. Ќе мораме да ја укинеме или суспендираме воената состојба, а ако го сториме тоа ќе ја изгубиме армијата“, рече Зеленски, додавајќи дека Русите би биле среќни поради тоа, пренесува „Украинска Правда“.