Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да го посети Берлин денеска, и да разговара со канцеларот Фридрих Мерц, потврди портпаролот на германската влада.
Посетата, која претставува први официјални германско-украински консултации по неколку години, беше чувана во тајност од безбедносни причини.
Зеленски ќе биде придружуван од неколку министри.
Се очекува да се разговара за финансиската и воената поддршка за Украина, како и за напорите за реконструкција и враќањето на украинските бегалци.
Страните треба да потпишат и неколку договори, а Мерц и Зеленски треба да одржат заедничка прес-конференција.
