Земале плата и апанажа – ДКСК поднесе кривична за поранешни членови на УО и НО во ТЕЦ Неготино

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Антикорупциска комисија одлучи да поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за поранешни членови на Управниот и Надзорниот одбор во ТЕЦ Неготино затоа што незаконски ги чувале работните места и земале двојни плати. Тие се правдале дека имале менаџерски договори иако како што објасни членот на Антикорупциска Сервет Демири тие добиле апанажа за цела година.

„Пријавените лица, наведени во пријавата биле членови на поранешниот Управен одбор на акционерското друштво воедно распоредени и на директорски позиции во организациони единици во ТЕЦ Неготино. По статусната промена при соединување на Акционерското друштво АД ТЕЦ Неготино кон АД Електрани на Северна Македонија Скопје, по престанок на функции како членови на Управниот одбор овие лица останале во работен однос во акционерското друштво што било незаконски. Лицата добиле и средства во вид на апанажа врз основа на менаџерски договори во висина од 12 плати“, вели Сервет Демири, член на ДКСК.