Земјите од западен Балкан најбрзо што може да добијат вакцини против коронавирус, рече вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, новиот француски амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер.
„Нашата земја и ЕУ одлучија да воспостават план за помош на земјите надвор од Унијата, особено за западен балкан во висина од 9 милијарди евра. Тука има голем знак на солидарност кон овој регион од светот и мислам дека никој не дал повеќе, и потоа ќе кажам дека дури и денес комисијата со земјите членки се договорија за пакет 710 милиони евра наменети за земјите од западен балкан за да им помогнат. Најбрзо што може да ги добијат вакцините и сето она што значи условеност за да се добијат вакцините“, потенцираше Сирил Бомгартнер – француски амбасадор.
ЕУ ќе ги плати вакцините против Ковид-19 за ризичните категории во Северна Македонија и другите држави од Западен Балкан. Станува збор за пакет од 70 милиони евра којшто го одобри Европската комисија за да им помогне во финансирањето на набавките на вакцините против Ковид-19 на земјите од Западен Балкан.
Помошта е обезбедена преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА 2) за да помогне во финансирањето на пристапот на партнерите од Западен Балкан до вакцините за Ковид-19 набавени од земјите-членки на ЕУ. Македонската влада ја поздрави одлуката на ЕУ за вакцините за Западен Балкан.
