Прашуваме какво е тоа проклетство секој што ќе седне во таа убава фотелја да сака да распродава нешто што е заедничко – велат во своето обраќање иницијативата „Граѓански фронт“ по повод изготвувањето на нацрт предлог- законот за продажба на земјоделско земјиште.
Целта е земјоделците да стекнат сопственост на земјиште по цена од 0,3 до 1 евро. Но, од оваа иницијатива велат дека навидум ефтиното земјиште, па и не е ефтино, едно евро ако се помножи со голема површина на земја. Според нив само големите земјоделски фирми ќе можат да си го дозволат тоа, но не и малите произведувачи. Со години производната сума е повисока од продажната цена на земјоделските производи, со што тие не би биле во финансиска можност да купуваат земја.
„Ви се обраќаме со голема загриженост во однос на намерата на Владата за распродажба на државното земјоделско земјиште. Оваа намера ја објавија првпат во ноември минатата година и нам иницијаторите на „Граѓански фронт“ ни се смрзна крвта во вените“, рече Јордан Трајков од Граѓански фронт.
Министерот Хоџа пак вели дека не е првпат да се носи закон за земјоделско земјиште. Во 2013-та тогашната власт имала и комисии кои одлучувале за продажбата на земјоделското земјиште и плата земале за тоа, а никогаш не се направиле продажба. Министерот вели дека нема да им се одземе земјиштето на земјоделците во никој случај.
„Над 9 000 договори има за закуп. Тука не се сите богати. Има земјоделци што имаат по 1, 3, 5 хектари. Сите тие што ќе имаат можност или бизнис план , или ќе можат да земат заем од банките за да го развијат својот дечл ќе имаат можност да го купат. Доколку не сакаат да го купат, ќе продолжат со договорите за закуп“, посочи Аријанит Хоџа, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Целта на овој закон не е само инкасирање на средтсва во буџетот, туку има и развојна комоненета, бидејќи земјоделството е трета најголема гранка во екомномијата во земјава потсетува министерот Хоџа.
