Земјоделците ќе добијат отштета – Трипуновски и Касами се сретнаа со земјоделците на Тетово и Јегуновце

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата ќе ги обесштети земјоделците чии посеви беа речиси целосно уништени од град од пред неколку дена. Ова ветување на тетовските земјоделци им го даде министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, кој ги посети заедно со градоначалникот на општината Билал Касами.

Градоначалникот на Тетово Касами рече дека општината ги презела сите мерки за покривање на штетите предизвикани од дождот и град.

„Во рамките на општина Тетово презедовме мерки, утре ќе се свика советот и ќе се прогласи вонредна состојба и ќе се формира комисија која ќе излезе на терен и ќе ја процени штетата што е направена во територија на општината,водата која влегла  во домовите и направила штета на имотот на граѓаните, но и штети кои се направени на земјоделски посеви и земјоделски култури. Она што им го гарантираме на граѓаните е дека ќе се преземат сериозни и реални мерки за да се оштетат граѓаните, бидејќи за жал досегашното искуство покажа дека претходната власт не била подготвена да соработува со општината“, вели Биљал Касами.

На прашањето дали ќе бидат обесштетени земјоделците и граѓаните кои беа оштетени од елементарни непогоди пред две години, Трипуновски ја обвини претходната власт, дека од информациите што ги има, дури и за другите региони во државата, парите отишле за други, а не за тие кои требаше да бидат обештетени.