Земјотрес со јачина од 3,7 степени е регистриран на околу осумдесет километри од Ираклион на Крит.
Според податоците на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од два километри, осум километри од Георгиопулос на Крит.
Да потсетиме, земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска денес, а земјотресот беше почувствуван во сите соседни земји, но и до Австрија и Италија.
Најмалку шест лица го загубија животот во земјотресот. Земјата во Хрватска сè уште се тресе.
