Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди БИХ. Земјотресот бил регистриран во 9:50 часот по локално време, и епицентарот бил во близина на Мостар, на длабочина од 7 километри.
Епицентарот бил 5 километри јужно од Широки Бријег, а граѓаните кажуваат дека „добро се занишало“.
„Солидно тресеше, кратко траеше“. „Краток, но силен земјотрес и силна бучава“, се дел од коментарите на граѓаните од тој регион.
