Земјотрес утрово со јачина од 3,4 степени според Рихтер ја погоди Романија.
Потресот бил забележен во 9:54 часот по локално време, во областа Вранчеа во југозападниот дел на земјата, на границата со Србија.
Засега нема информации за повредени или материјални штети. Од почетокот на април, во Романија се регистрирани десетина земјотреси со интензитет од 2,3 до 3,4 степени.
