Земјотрес ја затекна водителката сред емисија, нејзината реакција предизвика воодушевување (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во вторникот некаде околу пред 22 часот, силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер, ја погоди Лима и околнисте подрачја во средишното крајбрежје на Перу. Многумина жители излегоа на улиците поради јакиотп потрес, но на некои моменталната ситуација не им дозволи да се сокријат.

Така беше ситуацијата за новинарката Алвина Руиз, која земјотресот ја затекна додека беше во студио сред разговор со гостинот, но одлично се снајде во оваа непријатна ситуација.

Руиз се ипслаши, дури во еден момент и стана од столчето, но веднаш почна да ги смирува гледачите: „Ова се случува. Да се обидеме да бидеме мирни“, повторувала се додека опасноста не помина.

Перунаските власти најпрво тврдеа дека нема жртви, но потоа е објавено дека едно шестгодишно дете го загубило животот.