Силен земјотрес на границата меѓу Перу и Еквадор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4.7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди пограничниот регион меѓу Перу и Еквадор.

Според информациите, потресот бил на длабочина од 100 километри.

До сега нема податоци за евентуални жртви или штети.

Овој регион се наоѓа во сеизмички активна зона позната како „Огнен појас“, која редовно е под влијание на силни земјотреси и вулкански ерупции.