Жителите на југоисточниот дел од земјата ноќеска почувствуваа лесно тресење на почвата поради земјотрес кој беше регистриран во регионот Делчево – Берово.
Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот се случил во 00:22 часот, а неговиот епицентар бил во епицентралното подрачје Делчево – Берово, околу 120 километри југоисточно од Скопје. Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML3.1.
Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека потресот бил почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околните места, со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала. Според првичните информации, нема пријави за материјална штета.
