Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Серам, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а на 72 километри источно од градот Амахаи.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
