Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денес го погоди подрачјето на Никарагва, околу 25 километри западно-југозападно од главниот град Манагва, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот е регистриран околу 11:15 часот по локално време, на длабочина од 112 километри.
Засега нема извештаи за евентуална материјална штета или повредени.
