Земјотрес со јачина од 5 степени во Полошко, енергетичарите имаат објаснување зошто се случи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овие снимки и фотографии доаѓаат од полошкиот регион, каде утрово беше регистриран земјотрес со јачина од 5.0 степени според рихтеровата скала.

„Утринава во 4 часот и 54 минути регистрираше земјотрес чии епицентар потекнува од гостиварското епицентрално подрачје. Земјотресот беше со рихтерова магнитуда 5, а според последните информации најсилно е почувствуван од жителите на Маврово и Гостивар со интензитет од 5 степени според европската макросеизмичка скала.“, вели Драгана Черних од сеизмолошката опсерваторија на ПМФ.

Цела територија се наоѓа на трустно подрачје, па ваквите земјотресите не треба да не изненадат велат експертите.

Водата во Маврово по земјотресот е заматена и не се препорачува да се користи за пиење.

„Поради земјотресот кој епицентар беше во Мавровскиот регион, дојде до заматувње на водата за пиење во водоснабдителните мрежи. Ви препорачуваме извесен период додека потресите не се смират, водата директно од вашите чешми ДА НЕ ЈА ПИЕТЕ.“, велат од ЈПКД Маврово.

Од стопанската комора за енергетика на Македонија, велат дека го имаат одговорот, за тоа која била причината за силниот земјотрес.

„Главната причина за настанување на земјотреси, меѓу другото е полнењето, а воедно и празнењето нагло на езерата. Една од причините кога ќе се наполнат езерата настанува момент да притисокот на таа плоча почне да се придвижува со текот на периодот и тоа да предизвика одредено движење, односно земјотрес.“, вели Манасков.

Земјотресот беше почувствуван и во Скопје. Снимка направена веднаш по земјотресот е сведок и за вознемирените животни во скопската зоолошка градина.

До овој момент нема пријави за штети. По утринскиот, регистрирани се уште неколку афтер шокови. Еден посилен од 4,9 степени се случи и околу 15:30 часот, а потоа во 16:43 часот и еден со јачина од 4,0 степени.