Три земјотреси, вклучувајќи и еден од најсилните кои се случи во Нов Зеланд, во Тихиот Океан, што веднаш се изадени предупредувања за Цунами, кои се издадени во Нова Каледонија, Тонга, Самоа, Вануату.
Третиот потрес бил дури со јачина од 8,1 степен по Рихтер.
Потресите посилни од 8 степени по Рихтер се вбројуваат во разорни земјотрести, и според историјата, се случуваат еднаш годишно. Многумина можат да предизвикаат штета илјадници километри подалеку од епицентарот.
Сепак, овој силен потрес не влегува во едни од најсилните.
Откако постојат мерењата, во 1960 година во Чиле во местото Валдиви се случил земјотрес со неверојатни 9,5 степени по Рихтер. Во потресите над 9 степени се вбројуваат во категоријата на разорни, оние кои уништуваат објекти во круг од неколку илјади километри. Се случуваат еднаш во 20 години.
Потресот кај Валдиви однел околу 6 илјади животи, иако точниот број никогаш не е утврден, и создал цунами со висина од 10 метри, и стигнал дури до Јапонија. Два милиони луѓе останале без дом. Штетата изнесувала седум милијарди долари.
Вториот најсилен потрес откако постојат мерењата е во Аљаска во 1964 година. Тој бил со јачина од 9,2 степени, и во него загинале 131 лице. Материјална штета тогаш била проценета на 311 милиони долари.
Суматрански-андамански земјотрес со јачина од 9,1 степен по Рихтер во 2004 година е трет откако постојат мерењата, но по бројот на жртви е најголема катастрофа во историјата. Цунамито како резултат на земјотресот, кој ја погоди југоисточна и јужна Азија, бил најразорниот и насмртоносниот во новата ера. Животот го загубиле дури 230 илјади лица, од 14 земји. Потресот се почувствувал дури 1600 километри од епицентарот. Дел од океанското дно се издигнал неколку метри, создавајќи бран од 30 килемтри вода кој се раширил источно и западно до линијата на раседот, и стигнал до 10 земји, меѓу кои и Австралија и источна Африка.
Потрес со јачина од 9,1 степен ја погоди Јапонија и предизвика бројни жртви. Тоа бил најсилниот потрес во оваа земја во историјата, а после него следуваше цунами од 40 метри, што предизвика катастрофа во нуклеарната центра во Фукушима. Најмалку 15.703 лица загинаа, раселени биле над 130 илјади луѓе.
