Земјотресот во Грција се почувствувал на целата територија на Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјава одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при скопскиот Природно-математички факултет, вечерва во 19 часот и 38 минути регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 260 килоеметри јужно од Скопје, во соседна Грција.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил со локална магнитуда од 5,9 степени според Рихтеровата скала.

Според досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија, истиот е почувствуван на целата територија на Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: