Проектот на новата зграда на Јужен булевар, што го води Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, познато како ПУИГ, успешно заврши со продажбата на сите станови.
На последното усно јавно наддавање, кое се одржа на 15 и 16 јули, беа продадени последните 45 стана, со цена која скокна од почетните 1.450 евра за метар квадратен до просечно 1.916 евра.
Зградата е конципирана со современи стандарди на градба и е развиена со приземје и 7 ката. Очекувањата се дека објектот ќе биде завршен во следните три години, што ќе овозможи современо и функционално станување во еден од потенцијално најпосакуваните делови на градот.
Овој станбен објект е лоциран на местото на поранешен салон за мебел кој со текот на времето се претворил во руина и депонија.
