Зголемено загадување на воздухот е регистрирано речиси низ сите градови во земјава вечерва. Сите мерни станици во Скопје регистрираат екстремно присуство на ПМ10 честички, а ништо не е подобра ситуацијата ниту во другите градови.
Вечерва во Скопје, најзагадено е во Ѓорче Петров, додека од другите градови, најмногу ПМ10 честитки се регистрирани во Битола. Исто така големо загадување има и во Куманово и Тетово.
Засега најмал број на ПМ10 честитчки се регистрирани во Штип, каде што воздухот е „најквалитетен“.
