Зголемување на ДДВ за „луксузните“ производи – Бектеши и Ковачевски се правдаат: Основните производи со 5% ДДВ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ниту еден од производите со “гарантирана цена“ нема да има ДДВ повисок од 5 проценти. Вака уверува министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, цената на овие производи може само да се намали, а никако да се зголеми.

Во одбрана на мерката и премиерот Димитар Ковачевски. Според него, стапката на ДДВ од 10% за овие производи не е висока имајќи предвид дека основната стапка на ДДВ е 18%.

Но, дали оваа владина мерка вреди, имајќи ги предвид бројните реакции во јавноста? Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека овие мерки се долгорочни и дека овие даноци повторно ќе им бидат вратени на граѓаните.

Во меѓувреме, министерот за финансии, Фатмир Бесими го објави трендот на намалување на инфлацијата во земјава, кој од 19.8% во октомври минатата година, оваа година изнесува 6.6%. Министерот Бектеши исто така уверува дека воопшто не постојат шанси да се зголеми инфлацијата во делот на храната.