Зголемувањето на пензијата за 5 месеци не е доволно – пензионерите бараат линеарно зголемување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска одржаа средба со здружението на пензионери на која беше претставен новиот пакет со антикризни мерки. Во следните 5 месеци пензионерите ќе добијат поддршка од Владата бидејќи како што истакна Ковачевски во зимскиот период има повеќе трошоци поради парното и празниците. Пензиите, како што појасни, веќе се зголемуваат двапати годишно, 50% според трошоците за живот и 50% според просечната плата.

Премиерот рече дека со новата методологија за пресметување на пензиите, пензиите веќе се зголемени за 5000 денари.

Инаку пензионерите од Штип протестираа на градскиот плоштад. Соња Арсова, член на иницијативниот одбор за протестот на пензионерите, соопшти дека на 5 декември ќе се упатат кон Скопје. Протестот ќе се одржи пред Собранието на РСМ. Пензионерите се уште се на барањето за линеарно покачување на пензиите за 5000 денари.