Жална вест на првиот ден од годината – почина виолинистот Зоран Џорлев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На првиот ден од 2021 година, почина познатиот виолинист Зоран Џорлев. Тој покрај еден од најдобрите македонски вионилисти, беше вокален изведувач и професор.

Наводно Џорлев се лекувал од коронавирусот, но ја загубил битката.

Џорлев почина на 54. годишна возраст. Роден е 1967 година во Струмица. Татко му беше познат композитор на народна музика и водач на оркестар.

Дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност.

Голем дел од пријатели и роднини се простуваат од него на социјалните мрежи.

ТВ21 изразува сочуство до неговото семејство.