Скопјани без вода од утрово: Еве каде има прекин во водоснабдувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите и дел од корисниците на улицата „11 Октомври“ во Скопје денеска се соочуваат со прекин во водоснабдувањето поради дефект на шахта.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот го опфаќа потегот од булевар „Кочо Рацин“ до Тутунски комбинат.

Водоснабдувањето е прекинато од 9:10 часот, а од претпријатието посочуваат дека прекинот ќе трае до завршување на работните активности и отстранување на дефектот.

Корисниците ќе бидат информирани за нормализирање на водоснабдувањето по завршувањето на интервенцијата.