Жариште над село Будинарци – жителите стравуваат дека ќе се доближи до куќите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжува борбата со пожарот над село Будинарци – Пехчево. Вака изгледа ситуацијата само неколку километри од местото каде шумата гори.

„Пожарот над село Будинарци, Пехчево, се уште е активен иако властите велат дека е локализиран, сепак овој пожар е еден од најопасните во нашата земја“, вели репортерката на ТВ21.

Во селото состојбата е мирна, но постои голем страв кај селаните дека пожарот може да се доближи  и до нивните домови.

Во борбата против пожарот во оваа област се приклучија 160 припадници на австриската противпожарна бригада, рече нивниот командир. Австриските тимови за противпожарна помош беа посетени од амбасадорот на ЕУ во Скопје, Давид Гир, придружуван од амбасадорот на Австрија, в.д. амбасадор на Словенија и Романија, од Офицерот за врски на ЕУ, Ради Хифани и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

„Длабоко сум импресиониран од посветеноста и заложбите на различните тимови, од Австрија, Бугарија и Словенија, но и од професионалноста и посветеноста на заедницата и локалните служби, тие не информираат за ситуацијата и ние сме тука само за да слушнеме што ни велат, но и да изразиме благодарност на ЕУ за придонесот што го дадоа“, посочи Дејвид Гир.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, вели дека климатските услови ги спречуваат да имаат континуиран успех во гаснењето на пожарите. Вели дека тие се обидуваат со сите сили што ги имаат, со сите капацитети на членовите на Екипите на дирекцијата за заштита и спасување, тимовите кои се ангажирани со договор во оваа дирекција, пожарникари, шумски работници и локалната самоуправа, да се соочат со пожарите на најдобар можен начин.