Ждрепка во Лигата на Европа: Силекс против косовска Дрита, Шкендија гостува на Ботошани, Ренова дома со Хајдук Сплит

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Трите екипи кои ќе играат во квалификациските кола во Лигата на Европа, денеска ги дознаа своите противници за 2. квалификациско коло од најмасовното европско натпреварување.

Силекс, тимот кој испадна од квалификациите за ЛШ, во ЛЕ го доби за противник Дрита од Гњилане. Кратовскиот тим ќе биде домаќин.

Шкендија за ривал го доби романскиот тим Ботошани, и тоа ќе игра на гости.

Ренова доби најзвучен ривал во името на Хајдук Сплит. „Гипсарите“ го играат како домаќини овој меч.

Дуелите треба да се играат на 17 септември, но поради тоа што два тима од нашите претставници се како домаќини, ќе има поместувања во термините или евентуално на местата на одигрување.