Саботата беше ден кога вицепремиерот Артан Груби за првпат слушна за проблемот со кој се соочуваат жителите на селото Лопате – нефункционалноста на рампата за запирање на железничката пруга во близина на селото. Понекогаш тука не работи ниту сигнализацијата.
-Да бидам искрен, првпат читам, слушам или гледам вакво нешто. Но, ви ветувам дека уште денеска ќе се позанимавам со ова прашање.
Локалните мештани и денеска до редакцијата на ТВ21 испратија видео на кое јасно се гледа дека сѐ уште не е преземено ништо за решавање на проблемот, вели Груби.
Го прашавме првиот вицепремиер Груби какви поконкретни мерки ќе преземе во однос на ова прашање?!
-Постапивме веднаш. В саботата во Комисијата за економски прашања го сменивме инвестицискиот план за 2022 за железници, дополнувајќи го со вклучување на рампите на места каде што постои опасност, како што се Лопате, Романовце, Кондово и Рашче, како и други места каде има потреба. Сега Претпријатието за железници треба да го реализира планот, рече Груби.
Но, од ЈП „Македонски железници -Инфраструктура“ велат дека финансиските средства не се проблем , туку, како што објаснуваат, проблем се ниските температури кои ги спречуваат да работат на отстранување на дефектот. Додаваат дека кога железницата работи во дефектна состојба секој воз добива налог да застане, да го обезбеди патниот премин и да продолжи со движење.
-Поради ниските температури не сме во можност да се отстрани дефектот односно да се смени пробиениот изолиран оттсек. Со подобрување на временските услови веднаш ќе се изврши промена на изолираниот оттсек. Ве молиме за разбирање поради настанатиот дефект кои не што можеме да го отклониме поради виша сила, вели Боро Радевски, помошник директор за електротехнички постројки во „Македонски железници“
Но, иако од „Железници-Инфраструктура“ велат дека за да го санираат дефектот чекаат да се подобрат временските услови, жителите од кумановско Лопате за проблемот се пожалија и пред четири месеци. Патот кој се вкрстува со пругата го поврзува Куманово со селата од општина Липково.
