Жена херој – скокна во студената река за да го спаси кучето што се дави

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жена-херој скокна во студена река за да спаси куче кое почнуваше да се дави, пишува Daily Star. Инцидентот се случил на Бадник во еден кинески град, а целата ситуација ја снимила камера.

На видеото што се појави на интернет и стана хит за само 24 часа, може да се види дека жената зачекори бос во студената вода во обид да се доближи до кучето.

Кучето случајно паднало во реката, а поради екстремно ниската температура на водата доби хипотермија и повеќе не можеше да ги помрдне нозете и се бореше да ја одржи главата.

Жената користела гранка за да го привлече кучето поблиску, а потоа волонтер скокнал и го зграпчил кучето и го извлекол.

Коментаторите не го криеја својот ентузијазам за несебичниот чин и ја пофалија жената за нејзината храброст.

„Вие сте ангел“, напиша еден коментатор.

“Не секој може да го стори ова. Браво”, додаде друг.