Жена од Гостивар пријавила дека вонбрачниот сопруг ја претепал и извршил полов напад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Случај на семејно насилство е пријавен во Гостивар, откако 40-годишна жена пријавила дека била физички нападната и сексуално нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг.

Според информациите од полицијата, жената на 4 септември во 19:10 часот пријавила во Полициската станица Гостивар дека во текот на ноќта меѓу 1 и 2 септември, во нејзиниот стан, нејзиниот вонбрачен сопруг А.С. физички ја нападнал и извршил полов напад врз неа.

Од МВР информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.