Жена освоила 26 милиони долари на лото, но не можела да ги подигне парите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Жена која тврди дека добила џекпот од 26 милиони долари извлечена на ждрепка во Калифорнија, вели дека оставила добитен билет во џебот од фармерки и го уништила во миење, пренесоа американските медиуми.

Победничкиот билет СуперЛото Плус беше продаден во продавница во Норволк, округот Лос Анџелес во ноември.

Жената, чиј идентитет не е познат, наводно е снимена од надзорна камера додека го купувала билетот. Но, рокот за барање на големата победа истече во четвртокот. Организаторите на лотаријата велат дека добивките мора да бидат пријавени во рок од 180 дена по извлекувањето, што се одржа на 14 ноември.

Портпаролот на лотаријата во Калифорнија,  Кети Џонстон,  рече дека снимката од продавницата не е доволна и дека е потребен „убедлив и значаен доказ дека имате билет“.

Ова не е прв пат луѓето да тврдат дека купиле добитни билети, а подоцна не можеа да ги покажат. Доколку не биде потврден добитникот на џекпот, парите ќе бидат распределени на јавните училишта во Калифорнија, соопштија организаторите.