Брачна двојка од Австралија доживеала „трауматично“ искуство кога телото на починатиот патник било поставено на седиштето до нив на летот на „Катар ервејс“ од Мелбурн до Доха.
Мичел Ринг и Џенифер Колин, кои патувале за Венеција на одмор од соништата, за австралискиот Канал 9 изјавиле дека една жена паднала и починала на патеката до нивните седишта.
Двојката вели дека екипажот во кабината го ставил нејзиното тело, покриено со ќебиња, до Мичел Ринго и го чувале таму во преостанатите четири часа од летот, не нудејќи му да го преместат и покрај тоа што има слободни места.
Катар ервејс соопшти дека се извинува за „секоја непријатност или вознемиреност што може да ја предизвикал овој инцидент“, додавајќи дека е во процес на контактирање со патниците.
Двојката рече дека ниту Qatar Airways ниту Qantas, авиокомпанијата преку која го резервирале летот, не контактирале со нив или понудиле поддршка.
Ринг нагласи дека персоналот навистина реагирал навремено кога жената колабирала, но дека, за жал, немало начин да и помогне.
