Населбата 146 во Тетово вчера се разбуди со кобна вест. 39 годишната С.А. сама се пријавила во полиција, раскажала дека го убила сопругот, 51 годишниот А.И. Првичните податоци говорат дека тие не биле венчани а убиството било извршено со тврд предмет односно постои сомнение дека станува збор за чекан.
Во моментот на убиството дома била нивната мала ќерка но не се знае дали го видела грозоморниот чин. ТВ21 од Основното обвинителство на Тетово дознава дека девојчето сега е згрижено во центарот за социјална работа.
„Вчера околу 11.35 часот лицето С.А.. 39 годишна од Тетово пријавила дека извршила кривично дело убиство кое го извршила врз нејзиниот сопруг А.И. 51 годишен од Тетово и полицијата излегла на местото на настанот и констатирала убиство а истрагата ја извршило ЈО од Тетово“, вели Фатмир Реџепи.
Претходно немало пријави за насилство во ова семејство. Се дознава дека во текот на 2020, самопријавената С.А. поднела жалба за навреди и пцости од нејзиниот сопруг.
„Се знае дека осомничената не пријавила семејно насилство или некакво насилство врз неа, само во 2020 истата пријавила дека во собата каде што престојувале тој почнал да ја пцуе и навредува и тоа е единствена пријава од обвинетата против сега веќе покојниот“, додава Фатмир Реџепи.
Основното обвинителство на Тетово спроведува истрага на местото на настанот за откривање детали. До сега се уште не се познати мотивите. Врз основа на податоците со кои располага полицијата, жртвата претходно нема извршено кривично дело, освен непочитување на полициски час во време на пандемија. На 39 годишната осомничена за убиство и е одреден 30 дневен притвор.
