Најмалку шест лица се повредени откако автомобил влегол меѓу група демонстранти кои протестирале во Њујорк, јавуваат светските медиуми.
Како што пренесува „Дејли Мејл“, на лице место дошле екипи на Брза помош и на полиција. Според информациите, со возилото управувала жена, а таа наводно била уапсена.
Оние кои го обезбедувале протестот, соопштиле дека жената останала на лице место кога влетала во луѓето. Повредените наводно не добиле тешки повреди, иако некои од нив завршиле и во болница.
Пред неколку дена исто така е забележано влетување на автомобил во Трир, кога возач со полна брзина влетал меѓу гражаните. Исто така и во Лондон денеска е регистриран инцидент, откако со автомобил удрил во група пешаци.
