Скопјанката Наташа Димитриевска, која ги загуби сопругот и бебето во сообраќајката кај „Млечен ресторан“, се огласи денеска откако на социјалните мрежи го сподели одговорот на Советот за јавни обвинители, по жалбата која ја поднесе.
Во одговорот на Советот стои дека нема да превземе никакви дејствија против обвинителката Снежана Бундалевска Ѓоржиевска, која го водеше случајот за сообраќајката во Капиштец, во која возачот што го усмрти нејзиниот сопруг и нероденото бебе доби само условна казна.
„Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон. Е па пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите тие се штитат меѓу себе“, напиша Димитриевска.
Сообраќајката кај „Млечен“ се случи на 12 октомври 2018 година. Условно осудениот Васил Чорбаџиев со својот автомобил свртел лево на улицата „Теодосиј Гологанов“ на место каде што има знак „забрането вртење лево“ и удри во моторот на кој беа тогаш бремената Димитриевска и нејзиниот 32-годишен сопруг.
Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон.
Епа пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите ТИЕ се штитат меѓу себе!!!#правдазаГоце#правдазаМене#правдазаНас pic.twitter.com/stQGKtkmyv— Natasha Dimitrievska (@napostoloska) December 14, 2020
