Жестока дебата Снопче – Бектеши во „Клик Плус“, кој помогнал повеќе за ширење на руското влијание во Македонија?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жестока дебата во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 меѓу Халил Снопче, пратеник на Алијанса за Албанците и Крешник Бектеши, министер за економија. Соговорниците во клинч околу тоа кој помогнал повеќе за да се прошири руското влијание во Македонија. Пратеникот Снопче праша: „Ако Русија толку длабоко навлегла во нашите институции, што направил Али Ахмети за да го спречи тоа? Ако поларната мечка влегла во Македонија, тогаш за тоа е виновна исклучиво ДУИ“.

-Случајот „Дака Давидовиќ’ кој е на црната листа на Америка, овие сакаа да му дадат големи парцели во центарот на Тетово, на Дака Давидовиќ.
-Кој сакал? Зошто манипулираш?
-Се знае, помина планот. Онишченко, те молам дозволи ми, Онишченко. Тие му дадоа пасош на Онишченко.
-Кој му даде?
-Па Владата на ДУИ заедно со СДСМ.
-Но, и вие бевте?
-Не, ние бевме подоцна. На Онишченко пред две години му дадовте пасош.
-А Движењето Беса кај беше? Алтернатива кај беше?
-Уште 200 други пасоши на наркодилери и олигарси кои слободно се шетаат со македонски пасош.

Бектеши со контра-одговор. Вели дека ниту едно од овие обвинувања не држат вода, бидејќи самиот пратеник Снопче потпомогнал за ширење на руското влијание во Македонија. Додава дека тоа го сторил преку соработка со претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

-Г. Снопче со Димитар Апасиев потпиша и склучи договор, а има и слика од истиот. Секој граѓанин во РСМ знае која е политиката на Димитар Апасиев – против независноста на Косово, против ЕУ-рече Бектеши.

Соговорниците се судрија и околу прашањето од кого добива тендери руската нафтена компанија која оперира во Македонија, Лукоил?!

-Лукоил од каде ги добива тендерите?
-Кој Лукоил?
-Лукоил.
-Зошто од каде ги зема тендерите?
-Еве ти кажи, министер за економија си.
-Лукоил нема, не може да има, ниту пак имал некогаш договор со Министерство за економија.
-Од каде ги зема тендерите Лукоил?
-За жал, колку што знам јас, имал од институции со кои раководеше ваш кадар…
-Ајде сега…

Бектеши вети дека доколку Министерството за економија има некаков договор со Лукоил, ќе поднесе оставка и од министерската, и од политичката функција. Инаку, за руското влијание во Македонија алармираше првиот човек на ДУИ, Али Ахмети пред неколку дена кога ја објави таканаречената „голема вест“ и кога го обзнани името на нивниот претседателски кандидат, Бујар Осман. Ахмети рече дека Русија има влијание врз социјалните пори на нашата земја, како и врз домашната политичка сцена, медиумите, економијата, инфраструктурата и граѓанските општества.