Со дебата и вербални пресметки почна расправата во Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието за кандидатите за член во ДИК. Веднаш штом беше изгласан дневниот ред, пратеничката на Алтернатива, Сафије Садики, побара кандидатот Зилфи Адили да не се става на гласање бидејќи како што рече тој е предложен од партијата која не учествуваше на последните парламентарни избори. Со два гласа ЗА и седум ПРОТИВ, нејзиниот предлог беше отфрлен. Поради тоа што останатите пратеници не се пријавија за збор, претседателката на комисијата Марија Ѓеорѓиевска сакаше да ја стави на гласање кандидатурата на Зилфи Адил. Во тој момент избувна револт кај пратениците од опозицијата.
Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини претседателката на комисијата Ѓеорѓиевска дека на криминален начин сака да гласа за кандидат кој е по предлог на новоформирана партија.
Со оглед на тоа дека претседателката Ѓеорѓиевска даде 1 час пауза, опозицијата одржа прес конференција
По паузата, на расправата се вклучи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Според него, целта на мнозинството не е да биде избран член на ДИК, туку воопшто да не биде избран.
Главна забелешка на опозицијата беше и фактот што првиот човек на Собранието, Талат Џафери испратил барање за мислење до сите опозициски партии, дури и до Европската демократска партија, бидејќи според нив, оваа партија не учествувала на последниот парламентарен избори.
