Жестоки протести во Атина поради железничката несреќа (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во Атина вечерва се судри со демонстрантите, кои протестираа пред седиштето на железничката компанија „Хеленик трејн“ после несреќата во која загинаа најмалку 43 лица.

Како пренесуваат медумите, полицијата морала да употреби и солзавец за да ги растера демонстрантите кои се лути на државните органи поради оваа несреќа.

Покрај загинатите, 130 лица се повредени кога воз со 350 луѓе се судри со товарен воз на местото Темпи во централна Грција, во близина на Лариса.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис прогласи тридневна жалост, а министерот за транспорт Костас Караманлис поднесе оставка.