Жичарата решение за Шапка-Касами: Оваа година урбанистички план, НВО бараат работа, а не зборови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако туристичкиот центар Попова Шапка оваа година има подобри ски патеки, недостигот на паркинзи, немањето ДУП за викенд куќичките и нефункционирањето на жичарата од Тетово до Попова Шапка беа тема на јавната дебата организирана на Попова шапка каде учествуваше и градоначалникот на Тетово Биљал Касами. Тој вети дека општината во текот на оваа година ќе го заврши деталниот урбанистички план за викенд населбата од каде ќе се создадат и услови за други инвестиции.

„Ние како локална власт сакаме да покажеме подготвеност и интерес дека со сите институции на централно ниво ќе седнеме и сериозно ќе разговараме и од зборови да преминеме на дела и Попова шапка еднаш засекогаш да стане атрактивен туристички центар. Нашата посветеност е тоа што го имаме во ДУП-от за 2022 конечно да го имаме како усвоен урбанистички план“, вели Касами.

Бурим Ислами од иницијативата Да ја спасиме Попова Шапка вели дека спасот е во изградбата на жичарата Тетово –Попова Шапка.

„Посебен и главен акцент за нас е жичарата Тетово-Попова Шапка денеска ги замолуваме институциите кои се присутни, меѓу себе да ја усогласиме работата и до каде се во нивна област прашањата, како на пример за Елем Турс, да и ја отвори вратат на општина Тетово и таму каде што и следува на општина Тетово, да ги отвори вратите за институциите“, рече Ислами.

Општинскиот советник, Хамди Сулејмани вели дека општината веќе се интересирала и дека првите понуди се изградба на жичарата.

„Од првичните информации што ги имаме, понудите се од 16 до 20 милиони и е предвидено колку паркинг места се потребни долу во зоната каде што почнува жичарата Лисец и понатаму“, вели Сулејмани.

На јавната дебата присуствуваа претставници од хотелите и викендичките а што се однесува до развојот на Попова Шапка има студија која предвидува во овој туристички центар да има 30 илјади туристи. Пред неколку месеци и министерот за економија Крешник Бектеши апелираше до општина Тетово да седнат и заедно да разговараат за развојот на овој туристички центар, но во текот на денешниот ден Бектеши не се појави на дебатата иако добил покана од општина Тетово.