Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради силен ветер!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од ЈСП Скопје информираат дека засилените налети на ветер ја надминуваат дозволената граница за безбедно и непречено функционирање на жичницата.

Јачината на ветерот во моментов не дозволува објектот да работи без ризик, поради што е донесена одлука за прекин на услугата.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и веднаш штом се создадат соодветни временски услови, жичницата повторно ќе биде ставена во функција и ќе продолжи со превоз на патници.

Од претпријатието им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.