Жителите на Мадрид во 15-дневен карантин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанската Влада објави дека воведува вонредна состојба во Мадрид во траење од 15 дена со цел да ја намали стапката на зараза со Ковид-19. Одлуката е донесена откако судот ја укина делумната блокада воведена една недела претходно.

На граѓаните на Мадрид и во девет околни градови ќе им биде ограничено движењето следните 15 дена.
Регионалната Влада на Мадрид и централната администрација не можеа да се договорат за мерките, па државата воведува вонредна состојба.

Од минатиот петок во Мадрид и другите девет околни градови беше забрането секое неважно дрвижење и покрај спротиставувањето од страна на локалните власти. Шпанската Влада на 2 октомври наметна делумна блокада за 4,78 милиони луѓе во Мадрид, но таквата одлука беше поништена од судот.

Со оглед на тоа што 12 октомври е државен празник во Шпанија, властите воведоа нови ограничувања со цел да ги спречат жителите на Мадрид и другите девет градови да патуваат за време на продолжениот викенд.