Жителите на селото Палчиште од општина Боговиње се собраа пред општината за да се сретнат со градоначалникот но тој отишол во селото за да се сретне со жителите за да им даде појаснување за водата за пиење.
„Денеска го известив градоначалникот и тој рече не јас ќе дојдам, рече ќе дојдам и отиде таму и барањето беше од соселаните. Ви гарантирам дека нема да има вода за пиење додека не добиеме чисти извори, како може речната вода да се става во бунари и да се носи до селото, а е вода за пиење?! Колку инсекти, животни шетаат во реките“, вели Вулнет Акики.
Градоначалникот на Боговиње Бесник Емшиу вели дека проектот се реализира и дека не е во надлежност на општината. Ветува дека е подготвен да се сретне со жителите секогаш кога ќе има потреба, но ниту тој, ниту раководителот на урбанистичко планирање не знаат кога ќе биде завршен проектот.
„Министерството за транспорт го реализира проектот, ние ја правиме само документацијата, тие реализираат, додека Светска банка финансира, додека супервизорот е од Светска банка. Го поставија надзорот, го отворија тендерот, од страна на општината немаме ништо, рокот е во рамка, не знаеме точно, две и пол години, три, има рок за реализација на проектот, можеби дури и изведувачот ќе оди до крај“, вели Бесник Емшиу.
Новинар: Кој беше рокот за реализација?
„Всушност не знам“.
Жителите на Палчиште во моментов немаат вода за пиење. И таа малку вода што ја имаат е намалена, ја користат само за хигиенски потреби. До сега неколку пати протестираа барајќи водовод.
