Жителите на Раштак на мака – повозрасните бараат добри улици, децата стадион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 20 јули беше промовирана реконструкцијата на патот Бутел – Раштак. Пред неколку месеци оваа улица предизвика револт кај жителите на Раштак. Ги блокираа работите на патот бидејќи се чувствуваат загрозени. Велат дека улицата која води до нивните куќи останала со дупки и постои опасност од поплави. Бараат да се асфалтира и оваа улица.

„Денеска излеговме на протест бидејќи улицата е 15 километри, а за оваа улица на која што сме ние, има препреки. Улицата е горе а ние останавме долу. Целата вода се собира овде и немаат поставено канализација за да излегува водата. Ние излеговме и ги блокиравме работниците“, вели жител.

„Може да влезе вода во куќите. Децата кога одат на училиште овде се создава бунар. Децата не можат да одат ниту на училиште“, додава жител.

Кога ја видоа камерата на ТВ21 се доближија инженерите кои ги надгледуваа работите на патот. Порачаа дополнителна количина асфалт. Но тие не веруваат бидејќи велат дека многу работи се ветени но ништо не е реализирано.

„Ако се асфалтира ќе се реши проблемот, но ние не веруваме, бидејќи ветуваа и изградба на стадион, банкини на патот, улично осветлување, но ништо од ветеното нема“ посочува жител.

Стадионот најмногу го посакуваат децата.

„Дааа…стадион, стадион…“

За сето ова го побаравме градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, но тој не беше достапен за изјава.