Жителите од Желино се сомневаат за изградбата на булеварот, од општината велат дека проектот ќе се реализира на најдобар начин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку жители од Желино протестираа барајќи општината да го реализира проектот за булеварот така како што бил проектиран. Тие се сомневаат дека проектот предвидува канализационата мрежа да биде од двете страни на улицата, а на терен се гради само од едната страна. Исто така се пожалија дека нема ниту информативна табла за тоа како ќе изгледа проектот по реализацијата.

Од општина Желино велат дека проектот ќе се реализира на најдобар можен начин, а за граѓаните кои протестираат велат дека тие се поединци кои се самопрогласиле за надзорници.

Инаку булеварот на општина Желино е во должина од 500 метри, а според жителите овој булевар ќе реши еден од поголемите проблеми на жителите доколку има соодветна атмосферска и фекална канализација.