Месецот Рамазан за семејството бајрами започна без кров над главата.
Астрит Бајрами, сопругата Мерхеме и трите деца, до пред 6 месеци живееле под кирија но бидејќи не можеле да плаќаат, останале на улица.
Им помогнал сопственикот на еден хотел на периферија на Скопје и ги згрижил во една соба, но само за 6 месеци. Потоа треба да си заминат, но немаат каде.
„Немавме финансии за да плаќаме кирија, бевме на улица, но благодарение на газдата, не смести за 6 месеци. Син ми има епилепсија, ќерката астма, малечката ќерка страда од срцето“, вели Мерхеме Бајрами.
Освен децата, и Астрит има здравствени проблеми и е опериран и вели дека лекарите му препорачале да не работи.
„Слаба ми е крвта ми рекоа лекарите, имам многу низок притисок, за куќа е многу тешко, за кров е многу тешко, примаме социјална помош и од тоа живееме“, вели Астрит Бајрами.
-Претходно дали имавте куќа?
„Никаков кров над главата сум немал од памтивек“.
Бидејќи хотелската соба е мала, поголемата ќерка која има 14 години престојува кај баба и и дедо и.
Децата не можат да одат на училиште бидејќи е многу далеку, немаат пари за превоз. Единствени месечни примања им е социјалната помош која не стигнува ниту за лекови.
Тие што сакаат да му помогнат на ова семејство да обезбеди кров над главата можат да ги контактираат на телефонскиот број 071 604 738.
