Ова е село Слупчани, општина Липково. Жителите со стара мака. Немаат вода за пиење. Тие велат дека е чудно затоа што нивното село е на само неколку километри од изворот кој го снабдува Куманово со вода.
„Проблемот со водата е откако постои селото со 200 куќи, сега се 1000 куќи и се ископани многу бунари. Нема канализација, реката не беше вака. Водата беше загадена и теренот не беше чист.“, вели жител.
Дестан Абази вода црпи од бунарот. Вели дека првиот бунар пресушил, и тоа го натерало да ископа нов бунар.
Пред колку години пресуши првиот бунар?
–Пред 5 години.
И сега ископа нов бунар овде?
–Да, пред 1 година, моравме, што да правевме без вода.
Ако немаш вода дома, ништо немаш.
Градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи вели дека направил многу за жителите на Слупчани и дека средствата за изградба на водовод се обезбедени.
„Важно е што финансиите се обезбедени, постапката за јавна набавка е завршена од Министерството за животна средина. Градежните работи ќе започнат во текот на месецот.“, вели Арифи.
Слична ваква изјава градоначалникот даде и при кандидатурата за градоначалник на Општината во 2017.
„Водоводот од Глажња до филтер станицата Оризаре, Слупчане обезбеди средства, 500 илјади евра се обезбедени и за станицата 1.3 милиони евра.“, рече Арифи.
Секоја година во ова село доаѓаат министри и пратеници заедно со други функционери за положување цвеќе кај гробиштата на паднатите борци во 2001, а по војната ова село има само едно барање, вода.
