Живот на Земјата ќе има уште милијарда години, после тоа Сонцето ќе ја спржи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тим на истражувачи на НАСА објавија истражување кое кажува дека Сонцето за нешто повеќе од милијарда години, ќе го согори целиот кислород од Земјата.

После моделирањето на алгоритми и симулации повеќе од 400 илјади пати, тимот на НАСА дошол до заклучок дека околу годината 1.000.002.021 Сонцето ќе го согори целиот кислорот и така ќе го уништи целиот живот на Земјата.

Процесот на деоксидација не може да се избегне, покрај честото зголемување на радијацијата на Сонцето. Процесот на моделирање е комплексен, и како таков тој не е прецизен затоа што зависи од геолошката и биолошката еволуција, што може да влијаат на исходот.

Моделот исто така не може во предвид да ги земе и климатските промени кои се создаени од човек, затоа што е тоа непозната варијабила. Од друга страна предвидувањето на Сонцето кога ќе ја уништи нашата планета е едноставно поради ситуацијата на нашите звезди кои не се менува многу.

Лоша вест е дека со ова темпо, нашата планета нема да биде поволна за живот многу пред ова предвидување, токолку луѓето не откријат начин како да не ја уништуваат Земјата.