„Во Брисел продолжува објаснувачкиот скрининг за кластерот 4, за поглавјето „животна средина и климатски промени“. Претставниците на Европската комисија на состанокот ги презентираа амбициозните цели на Зелената агенда, како што е целосното укинување на штетните хемикалии од производите до 2029 година“, вели репортерката на ТВ21.
Државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања и заменик главен преговарач, Дрита Абдиу-Халили, на средбата рече дека ова поглавје полно со предизвици, но е еден од двигателите на економскиот раст и конкуренцијата.
„Во последно време, ние направивме обиди за утврдување регионален интегриран систем за управување со отпад при што е обезбедено финансирање на пет региони во државата. Го усогласивме нашето национално законодавство со законодавството на ЕУ за управување со отпад, главно преку усвојување на важен законодавен пакет за отпад, Националниот план за спречување на отпадот, програмите за управување со отпад, електрична и електронска опрема, отпадни батерии и управување со батерии“, посочи Дрита Абдиу.
Фокусот на еколошките политики на ЕУ е Европскиот зелен договор, кој има за цел да воведе климатски неутрална економија во ЕУ до 2050 година, развивајќи чисти извори на енергија и зелени технологии, почитувајќи ги принципите на одржлив развој.
„Инаку зелената гена е една од главните приоритети на Европската Унија“, вели репортерката на ТВ21.
