Зијадин Села од студиото на ТВ21 упати јавен апел до албанскиот политички фактор во Македонија.
Тој, како што порача во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, бара да се здружат сите, без разлика дали се на власт или опозиција, за „да го спречат остварувањето на немилосрдните планови кон Албанците и другите заедници“.
„Ние сме во време кога многу добро треба да размислиме какво ќе биде однесувањето, позиционирањето, не на Алијансата за Албанците, Беса, или што знам, Демократското движење или како и да се вика, во однос на ВМРО, но во однос на македонската политика. Ние овде мора да најдеме заеднички јазик за да спречиме во иднина да се реализираат планови кои не се пријателски настроени кон Албанците, но и кон другите заедници“, рече Села.
